ЗА ПФД

Преспа Форум за Дијалог (ПФД) е платформа креирана од Владата на Република Северна Македонија со цел да им овозможи на земјите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долгорочни односи и да ги зајакнуваат партнерствата.

Врз основа на резултатите и искуствата што придонесоа Северна Македонија да се развие во модерна, демократска и мултиетничка држава заснована врз европски вредности, ПФД има за цел да инспирира и промовира добрососедски односи и соработка. Платформата е замислена како место за размена на ставови и идеи за можни решенија на отворени билатерални прашања, со што би им се помогнало на владите, институциите и граѓанскиот сектор, вклучувајќи ги и младите, за доследно спроведување на духот и одредбите од потпишаните билатерални и регионални договори.

Учесниците на ПФД ќе имаат единствена можност со своите дискусии, проценки и предлози да стават личен печат за зајакнување на стабилноста на регионот на Западен Балкан, за збогатување на регионалната соработка и за испраќање позитивна слика за регионот во рамки на неговата европска интеграција и меѓународен контекст.

ЗОШТО СМЕ ЕДИНСТВЕНИ?

ПФД има за цел да се претстави како sui generis концепт, втемелен на позитивното искуство на Република Северна Македонија во изнаоѓањето решенија за нејзините внатрешни предизвици и отворени прашања со соседите:

  • Охридскиот рамковен договор воспостави одржливи основи за внатрешното уредување на државата,
  • Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија е важен чекор напред во односите меѓу двете земји,
  • Конечниот договор за решавање на спорот за името со Грција (т.н. Преспански договор) ја отвори вратата за прием во НАТО и за одлуката за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, како и за градење на силно билатерално партнерство

Како резултат на својот креативен и конструктивен пристап и храбри одлуки, Република Северна Македонија стана редок и успешен модел на функционално мултиетничко општество и активен контрибутор во градењето и зајакнувањето на добрососедски односи, регионална соработка и стабилност.

Преку ПФД, Северна Македонија ќе ги сподели своите уникатни искуства за да ги инспирира и охрабри другите да применуваат конструктивен пристап во нивните меѓусебни односи и во решавањето на отворените билатерални, регионални или меѓународни прашања.

КАКО ЌЕ ГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА?

ПФД е замислена како платформа за континуирано вмрежување и комуникација која што ќе опфати различни настани во форма на тематски работилници, семинари и тркалезни маси во текот на целата година.

ПФД има за цел да овозможи плодна интелектуална и политичка дебата преку формални и неформални состаноци, на кои што ќе се генерираат идеи за процеси, практични и можни решенија за отворени прашања од регионален и глобален карактер и ќе понуди суштински поттик за унапредување и збогатување на регионалната соработка.

Мошне важна вредност на ПФД ќе претставуваат и дискусиите за европската перспектива на Западниот Балкан, како и потрагата по модалитети за тоа како да се забрза евроинтегративниот процес на регионот.. Исполнувањето на долгорочната цел за членство во ЕУ ќе им овозможи на идните генерации на регионот да живеат во Европската Унија, што е многу повеќе од простор со заеднички пазар и без граници.

КОЈ НÈ ПОДДРЖУВА?

Главниот настан на ПФД ќе се одржи под покровителство на премиерот на Владата на Република Северна Македонија.

Поканетите и очекувани гости вклучуваат: шефови на држави или влади, високи политичари и дипломати од регионот и од други европски и воневропски земји, меѓународни и регионални организации – ОН, ЕУ, НАТО, Совет на Европа, ОБСЕ, Совет за регионална соработка, локални власти од трите држави на регионот Преспа, реномирани претставници од академските, деловните и медиумските заедници, граѓанското општество, младинските организации, итн.