ОХРИДСКО – ПРЕСПАНСКИ РЕГИОН

Охридско- преспанскиот регион кој се наоѓа на југо-западниот дел од Република Северна Македонија е еден од најживописните во земјата. Регионот зафаќа делови од Охридското и од Преспанското езеро, како и дел од горниот тек на реката Црн Дрим.

ЛОКАЦИЈА

Охридско-преспанскиот регион е опкружен со планината Јабланица на запад, Караорман на север, Лилинска планина, Плакенска планина и Бигла на северо-исток, Баба со Пелистер на исток и на јужната страна се наоѓа националната граница со Грција и Албанија. Сообраќајната комуникација се одвива од Охрид и Струга кон соседна Албанија, кон Дебар, Кичево, Преспа и кон пелагониската котлина.

РЕЛЈЕФ

Прекрасната планина Галичица се наоѓа помеѓу Охридското и Преспанското езеро. Издадена од длабоката долина на Црн Дрим помеѓу Јабаланица и Стогово со Караорман планина, релјефот на Галичица се искачува на надморска височина од приближно 2,600 метри (врвот Пелистер).

Помеѓу природните богатства на охридско-струшката и на преспанската котлина се наоѓаат и две прекрасни езера, два бисера Охридското и Преспанското езеро. Геолошко-геоморфолошките атрибути на овој регион постојано се развиваат. Областа изобилува со разнолики релјефни форми како: планини, котлини, полиња, планински врвови, пештери и карпи.

ИЗВОРИ, РЕКИ И ЕЗЕРА

Постојат бројни хидрографски обележја на охридско-преспанскиот регион; Вевчанските извори, Билјанини извори во околината на Охрид, изворот во Свети Наум, како и Голема Река и реката Брајчинска кои се влеваат во Преспанското Езеро.

Науката докажала дека во оваа област вода тече под земја (поточно под планината Галичица) и овие извори го полнат Охридското Езеро, а директно од него со околу 15 м ‘/ сек извира и прекрасната река Црн Дрим во срцето на градот Струга.

КЛИМА

Под влијание на езерските површини и високите планини, просечната годишна температура во Охрид е 11,2°C, додека во Преспа 9,7°C. Во Охрид просечните врнежи годишно достигнуваат до 708 mm и 810 mm во Струга. Во Преспанската котлина пак има од 730 до 1,170 мм врнежи годишно.

ФЛОРА И ФАУНА

Изобилие од вегетација; растенија, богати дрвенести и тревни видови со извонредни пејсажи може да се забележат на Галичица која е прогласена за национален парк, како и на планините Пелистер и Јабланица. Регионот е дом и на богат животински свет. На некои видови крупен дивеч како мечка, волк, срна, дива коза, дива свиња, но и на рисот. Дом е и на разни видови птици и голем број видови риби, од кои како наједендемични се издвојуваат охридската пастрмка и белвицата.

ТУРИЗАМ

Охридско- преспанскиот регион е современ регион и атрактивен за сите видови на туризам, располага со сите услови за истиот да биде одлична понуда за туристите, да биде посетен и искористен.

Охрид и Струга на брегот на Охридското езеро, Ресен во преспанската котлина и повеќе селски населби со големо туристичко значење како Вевчани, Радожда, Пештани, Љубаништа, Трпејца, Отешево и Претор се подеднакво голем предизвик за посета и уживање на локалната автентичност.

Охридско-преспанскиот регион е познат и по големиот број на цркви и манастири единствени со својата архитектонска и историска убавина.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОХРИД

  • ЦРКВА СВ.ЈОВАН КАНЕО – нејзината архитектонска големина се заснова на извонредната комбинација од византиски и ерменски елементи, што ја чини оваа црква еден од најзначајните средновековни споменици во Охрид.
  • Самоиловата тврдина – оваа тврдина се споменува уште во летописите кои датираат од 476 година и е најмонументалната градба од овој период. Во зависност од тоа на која страна од тврдината стоите на дланка ви се протегаат стариот град Охрид, езерото и многу повеќе од убавините на крајот.
  • ЦРКВА СВ. СОФИЈА – сместена е во срцето на стариот град Охрид, на калдрмените сокаци по кои се шири мирисот на охридските специјалитети од локалните ресторани со поглед кон дворот на раскошната црква.
  • АНТИЧКИОТ ТЕАТАР– изграден е кон крајот на третиот век пред нашата ера со приближно000 места за публика. Отворениот охридски театар има совршена локација: двата рида кои го опкружуваат и штитат од ветрови одат во прилог и на акустиката за време на изведбите.
  • АЛИ ПАШИНА ЏАМИЈА – за џамијата Али Паша се верува дека е меѓу првите џамии изградени во Македонија. Оваа џамија во форма на квадрат се смета дека е градена од камен и печена тула кон крајот на 15-от или почетокот на 16-тиот век. Во 1823 година била подигната медреса во рамките на џамискиот комплекс, иако денес таа повеќе не постои. Остатоци од минарето се наоѓаат на јужната страна од џамијата. Било разурнато во 1912 година и до денес не е обновено. Се смета дека имало уште едно минаре на западниот дел од џамијата подигнато од султанот Бајазит Втори (1481-1512).
  • СВЕТИ НАУМ – манастирот е изграден од монархот Свети Наум Охридски, ученик на Свети Кирил и Методиј и основач на охридската книжевна школа. Ако влезете внатре во манастирот и го ставите увото на неговиот гроб, може да го слушнете звукот на водата на Охридското езеро иако сте 30 метри повисоко од нивото на езерото.
  • СТАРАТА ГРАДСКА ЧАРШИЈА – старата чаршија започнува од главната улица во Охрид и води сè до крајбрежјето. Полна со продавници, мали ресторани и слаткарници, чаршијата е едно од најфреквентните места во Охрид. Прошетајте, одете на шопинг, засладете се или восхитувајте се на околните охридски куќи и локали. Ова е место што е невозможно да го пропуштите при посета на Охрид. Старата чаршија е идеално погоден дел од градот за купување сувенири, како охридските бисери  или разгледници и магнети, тука ќе го најдете сето тоа!
  • МУЗЕЈ НА ВОДАЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕОхрид беше збогатен со уште една  културно-историска одредница, истовремено и туристичка атракција, а тоа е музејот на вода; наколна населба и исклучителен археолошки комплекс, единствен во регионот.
  • Опуштете се на плажа – езерското синило е совршено место за бегство од летните горештини!

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОТЕШЕВО / ПРЕСПА

  • ОСТРОВОТ ГОЛЕМ ГРАД – Голем град има површина од 18 хектари; долг е 700 метри и широк 450 метри. Островот е моментално ненаселен и тоа е така од средината на 20 век, кога една мала монашка заедница е последната која го напуштила островот. До Голем град може да се стигне само по воден пат. Селото Коњско е најблиску до островот со приближно два километра водно растојание.Познат е и под името Змиски остров поради изобилството на змии кои ги имало во минатото. Познат е и по својот биодиверзитет, како дом на ендемична флора и ретки видови на птици. Третото име на островот е Свети Петар.
  • МУЗЕЈ РЕСЕН – музејот се наоѓа на местото на замокот Ресен, кој пак бил изграден во 1908 година од Ахмед Нијази бег. Музејот во Ресен содржи богата колекција на археолошки и етнолошки пронајдоци од ресенската област.
  • МАНАСТИР СВЕТИ ГЕОРГИ – се претпоставува дека манастирот е изграден во 1191 година. Она што воодушевува во оваа црква е нејзиниот фрескоживопис, кој, заедно со оној во црквата Свети Пантелејмон, во близина на Скопје, претставуваат кулминација на уметничкото мајсторство во времето на творештвото на Комнините во Македонија.
  • МАНАСТИР СЛИВНИЦА – покрај црквата се наоѓа извор на света вода за чија лековитост и чудесни својства луѓето зборуваат со воодушевување.
  • Преспанското езеро – лежи на југо-западниот дел на Република Северна Македонија,во Преспанската котлина помеѓу ресенското поле и планините Баба, Сува Гора и Галичица. Југоисточно од езерото, островот Голем Град е точката што ја поврзува македонско – грчко – албанската граница.
  • ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА – овој регион ќе остане запаметен и како дом на историскиот договор од Преспа, потпишан во 2018 година, од страна на Република Северна Македонија и Република Грција